Category Archives: Uncategorized

sobranie

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Претседателот и управниот одбор на ИПА Македонија, согласно со статутот на здружението, на ден 21.04.2017 година донесоа одлука за свикување на

ГОДИШНО ИЗБОРНО СОБРАНИЕ на ИПА МАКЕДОНИЈА

За изборното собрание е изготвен предлог Дневен ред со следните точки:

  1. Годишен извештај за 2016 г. и извештај за мандатот на Управниот одбор од 2015 до сега.
  2. Програма за работа во 2017 г.
  3. Избор на комисија за избори и верификација (Претседател и два члена).
  4. Избор на Управен одбор на ИПА Македонија (Претседател, Генерален Секретар, Потпретседател, Благајник, Делегат на здружението и членови).
  5. Избор на Надзорен одбор (Претседател и два члена, сите од областа на економија и право).
  6. Разно.

Изборното собрание ќе се одржи на 06.05.2017 г. – Сабота во 16 часот во Скопје во Порта Македонија.

Кандидатурите да се достават до Управниот одбор до денот на Собранието или на самото Собрание.

Присуството на Делегатите и Претседателите на Регионите е задолжително.

Претседател на ИПА Македонија

Робертино Ацески

B0

Втора ИПА Балкан-Јадран Конференција

Во организација на ИПА Македонија беше закажана, организирана и одржана Втората Балканско-Јадранска Конференција во периодот 9-11 Септември 2016 година.

Поканети беа сите 18 секции основачи на конференцијата, како и сите секции на ИПА во светот во својство на гости и посматрачи. Покана беше упатена и до Меѓународниот извршен одбор (IEB), кој на наше огромно задоволство како претставник на конференцијата дојде госпоѓата Меј-Брит Риналдо, член на Одборот, претседател на Меѓународната професионална комисија и Претседател на ИПА Шведска.

На конференсијатаприсуствуваа делегати од ИПА Секциите:

  • Хрватска
  • Грција
  • Бугарија
  • Словенија
  • Србија
  • Босна и Херцеговина и
  • Германија.

Другите секции претходно ја оправдаа неможноста за присуство поради објективни причини.

Конференцијата се спроведе според планираната агенда и помина во беспрекорна и продуктивна работна атмосвера, на општо задоволство на сите учесници.

Свое обраќање и пригоден збор имаше претставникот на IEB, госпоѓата Риналдо која ги пренесе поздравите од Меѓународниот Претседател и Меѓународниот извршен одбор.

B1 B4b3b3a b11 b12 b13 b14 b15 b16 b17 b18 b19 b20 B5 B6 B7 B9

G32016

ИПА Македонија во Германија

На покана од ИПА Германија е остварена возвратна посета од делегација на ИПА Македонија во состав:
Од Управен одбор на ИПА Македонија

  • Робертино Ацески – Претседател,
  • Ненад Николовски – Потпретседател,
  • Кирил Хаџи-Ефтимов – Генерален секретер и

од Управен одбор на ИПА Македонија – Регион Скопје

  • Владо Мирчевски, Претседател
  • Кирил Бошковски и
  • Игор Манојловски.

Нашата делегација оствари средба со УО на ИПА Германија и претставници на ИПА Регионите Келн и Дизелдорф. Исто така беше реализиран и прием од Директорот на полицијата во Келн.

Престојот беше организиран во Едукативниот центарот Замок Гимборн каде нашиот Управен одбор, на чело со Претседателот потпишаа договор за членство со Директорот на Центарот. Со овој договор е овозможено учество на наши членови во семинари и обуки кои се одржуваат во овој реномиран едукативен центар.

Посетата беше успешна а контактите и пријателството унапредени. Соработката со ИПА Германија продолжува и во наредниот период.

G32016

G42016

P22016

ИПА Македонија во Киелце

Во периодот 02-03.09.2016 година, на покана и по повод прослава за една година постоење на регионалниот ИПА клуб Киелце Центар , како дел од провинциската група ИПА Свет Крст, во Киелце, Полска, присуствуваше делегација од ИПА Македонија, регион Скопје во состав: Игно Стојков; Орце Јовановски; Милисав Мијалчиќ и Миомир Богоев. На овој настан присуствуваше и делегација од ИПА Германија, регион Штутгарт

Во официјалниот дел на посетата беа остварени средби и посети со Потпреседателот на Киелце, Командантот на регионалната полиција, Командантот на општинската полиција, Одделот за превенција, Одделот за анти-тероризам и Управниот одбор на ИПА Свет Крст.
Нашата делегација беше запознаена со организацијата, средствата и начинот на кој нашите колеги од Полската полиција ги извршуваат своите работни обврски.
Остатокот од престојот беше исполнет со обиколка на градот, посета на природни, културни и историски знаменитости во регионот, дружење и забава.

P22016 P32016 P42016 P52016 P62016 P72016

ИПА Македонија во Врање

Во периодот 26-28.08.2016 година на покана на регионалниот ИПА клуб Косовско поморавје на ИПА Србија а по повод годишните средби кои традиционално ги организираат, каде веќе традиционално сме присутни, ИПА Македонија пртставувана од Генералниот секретар на ИПА Македонија Г-дин Кирил Хаџи Ефтимов и претставници од ИПА Регион Скопје, Игор Манојлоски член на УО Регион Скопје и Сашо Димески.
На оваа традиционална прослава покрај ИПА Македонија беа и преставници на ИПА Романија од регионот Алба-Јулија и од Швајцарија, Србија и други ИПА пријатели.
Во атмосфера на пријателство и дружење посетата беше остварена во Врање, каде беа разменети пригодни подароци.

uplatnica

ИПА Македонија за поплавените подрачја

Поради катастрофалните временски непогоди кои ги зафатија Скопје и околината, како и Тетовско на 06 Август и однесоа 22 човечки животи, се здобија со повреди поголем број на граѓани и е причинета огромна материјална штета и страдање на локалното население,

ИПА Македонија во име на своето членство како и од име на светската ИПА организација изразува огромно жалење за жртвите и искрено сочуство до семејствата на починатите.

Исто така изразуваме голема загриженост за настаната состојба во погодените подрачја како последица од невремето и активно преку своето членство сме вклучени во пружањето на несебичната помош за надминување на состојбите и враќање во нормала на условите за живот во погодените подрачја.

ИПА членството кое е составено од редовни и пензионирани полициски припадници, уште од првите моменти активно е вклучено во првите редови при мисиите за време и по невремето во давањето помош, евакуација и обезбедување на погоденото подрачје и локално население, активно е вклучено во сите активности на сите подрачја во расчистување и санирање на штетите, кои активности ќе продолжат и во наредниот период до целосното надминување на состојбите и враќање на животот на граѓаните во нормален тек.

Поред тоа, Управниот Одбор на ИПА Македонија донесе одлука и материјално финансиски во износ од 300.000 денари да помогне во санирањето на штетите на граѓаните погодени со временските неприлики. Средствата ќе се уплатат на сметката за донации, за помош на сите настрадани, со што согласно принципите на нашето Здружение и нашата граѓанска определба како дел од НВО, ќе бидеме и во мисијата на хуманоста.

Во мое име, како Претседател како и во име на Управниот Одбор им честитам на сите наши членови за нивните досегашни натчовечки напори што ги дадоа во пружањето помош, спасувањето на животи и активностите околу санацијата на последиците, како и поддршка до сите наши членови и граѓани погодени од невремето, дека последиците со взаемна помош и хуманост ќе ги надминеме и полесно ќе ги пребродиме.

Ве поздравувам со нашиот препознатлив интернационален поздрав

Servo per Amikeco

Робертино Ацески

Претседател на ИПА Македонија

SM12016

Мото Клуб ИПА Македонија на меѓународна мотоциклистичка средба во Словенија

Во периодот од 15 до 19 Јуни 2016 Мото клубот ИПА Македонија, претставуван од Дамјан Галевски, Љупчо Стојкоски и Васко Пачемски, учествуваше на меѓународна мотоциклистичка средба во Љубљана, Словенија.
На оваа средба присуствуваа и претсавници на ИПА Мото секциите на Словенија, Србија и Босна и Херцеговина. Bo рамки на средбата од страна на колегите од ИПА Словенија беше претставен дел од структурата на словенската полиција и остварена е посета на Владата на Р. Словенија и неколку полициски станици во Словенија.

SM32016 SM42016 SM52016 SM62016

Формиран е “Мото Клуб ИПА Македонија“

Со Одлука на Управниот одбор на Националната секција на ИПА – Македонија формиран е “Мото Клуб ИПА Македонија“ за чиј што Претседател е назначен Дамјан Галевски, а за Членови на Претседателството назначени се Љупчо Стојкоски и Васко Пачемски.

Цели и задачи на „Мото Клуб ИПА Македонија“, согласно Статутот на ИПА Македонија:

- организација и учество на припадниците на Мото Клубот ИПА Македонија во спортски и културни активности,

- зголемување на професионалната соработка и лично пријателство помеѓу своите членови и нивните семесјтва и

- унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата.

Право на членство во „Мото Клуб ИПА Македонија“ има секој член на Нациoналната секција на ИПА Македонија кој:

- Е постоечки член на Националната секција на ИПА Македонија (со доставување на копија од членската картичка на ИПА или пристапница за членство во ИПА),

- Поседува важечка национална Возачка дозвола од „А“ категорија и не поседува забрана за управување на моторни возила од соодветната категорија (со доставување на копија од возачката дозвола),

- Поседува моторцикл над 500 цм3 регистриран на свое име на територијата на Република Македонија (со доставување на копија од сообраќајната дозвола на моторциклот) и

- Ги почитува сообраќајните правила и придонесува во подигањето на јавната свест за правилно и одговорно однесување во сообраќајот.

Контакт: - Дамјан Галевски, Претседател на Мото Клуб ИПА Македонија“

моб. 072 260 968

email: galevskidamjan@gmail.com.mk

- Љупчо Стојкоски, Член на Претседателството на „Мото Клуб ИПА Македонија“

моб. 070 343 769

email: ljupcostojko@hotmail.com

Васко Пачемски, Член на Претседателството на „Мото Клуб ИПА Македонија“

моб. 072 260 966

e-mail:v_pacemski@yahoo.com