Почитувани ИПА членови и ИПА пријатели, Ве известуваме дека на вонредното изборно собрание на ИПА Регион Штип кое се одржа на 20 април 2024 година, од страна на делегатите на Собранието на ИПА Регион Штип е избран нов Управен одбор.

За нов Претседател на Управниот одбор на ИПА Регион Штип е избрана Викторија Ивановска.

Новиот Управен одбор на ИПА Штип е составен од 9 члена и тоа: Горан Тасевски- Потпретседател, Зоран Ордев- Генерален секретар, Стојанче Николов- Благајник, Стојан Ристов- Помошник генерален секретар-Записничар, Борче Иванов- Помошник благајник, Адријана Мулачка- Делегат на Собрание на Национална секција, Антонио Петров – Делегат на Собрание на Национална секција и Соња Спасова Арсовска- член на Управен одбор.

На вонредното изборно собрание е избран и нов Надзорен одбор на Регион Штип составен од 5 члена.
За првпат се формирани три комисии на ИПА Регион Штип и тоа:
1. Комисија ја професионално и полициско работење
2. Комисија за логистика и поддршка
3. Комисија за социјални, хуманитарни и културни активности
На наведените комисиите се избрани Претседавачи.

На вонредното изборно собрание едногласно е усвоен и предлогот претходниот претседател на ИПА Регион Штип, г-дин Владо Петров да биде прогласен за Почесен претседател на Регионот.

Благодарност до УО на Националната секција ИПА Македонија за присуството на Вонредното изборно собрание, на Претседателот на УО, г-дин Игно Стојков, Потпретседателот г-дин Кирил Бошковски и Генералниот секретар г-дин Игор Манојлоски како и на Изборно- Надзорната комисија на ИПА Национална секција ИПА Македонија.
Благодарност за присуството и на претставниците на ИПА Регион Скопје, ИПА Регион Тиквеш Повардарие, ИПА Регион Струмица и ИПА Регион Прилеп.

Servo Per Amikeco

Please follow and like us: