САВА ОСИГУРУВАЊЕ

Почитувани ИПА членови и ИПА пријатели Ве известуваме дека е потпишан нов, поповолен договор за соработка со САВА ОСИГУРУВАЊЕ а.д. СКОПЈЕ. Нашите членови и ИПА пријатели при користење на нивниот асортиман на осигурителни продукти може да ги користат следните Поволности пакети кои се прикажани во прилог :
За сите информации контакт лице Маја Тодоровска 078/484-478.
Поволностите важат на целата територија на Република Македонија.

КАСКО ОСИГУРУВАЊЕ

Со каско осигурувањето согласно условите за осигурување е покриена штетата поради уништување, исчезнување или оштетување на осигурените премети која ќе настане поради остварување на некоја од осигураните опасности – ризици.

ДОМАЌИНСКО ОСИГУРУВАЊЕ

Со осигурувањето во пакет на стамбени објекти и предмети во домаќинството согласно условите за осигурување е покриена штетата поради уништување, исчезнување или оштетување на осигурените премети која ќе настане поради остварување на некоја осигураните опасности – ризици.

ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ

Со патничко здравствено осигурување, САВА Осигурување врз основа на договорот за осигурување,потпишаната полиса и платената премија обезбедува помош и осигурителни услуги наведени во договорот-полисата, кои произлегуваат од осигурените случаи што ќе настанат во странство и се поврзани со патувањето во странство и тоа:
-здраствена помош и осигурување
-помош при патување и осигурување
-осигурување од незгода вклучувајќи и осигурвање од спортска незгода ако се плати дополнителна премија за осигурување.

Мрежа на Сава осигурување: https://mk.sava.insure/
ФБ Сава осигурување: https://www.facebook.com/sava.mk/