Согласно утврдениот годишен план за работа, ИПА Регион Куманово по повод 7-ми Мај (Ден на македонската полиција) на ден 11.05.2024 година (Сабота) во период од 10:00 часот до 15:00 часот, во ИПА Канцеларија, организира хуманитарна акција во прибирање на прехрамбени артикли, средства за лична и колективна хигиена и стари алишта а исто така ќе биде поставена и каса за добороволно собирање на парични средства.

Оваа хуматитарна акција традиционално неколку години по ред се одвива во соработка со Општинска Организација на Црвен Крст од Куманово.

Се повикуваат сите ИПА членови и ИПА пријатели, партнери и подржувачи да земат активно учество во оваа хуманитарна акција.

Please follow and like us: