Почитувани ,

Тим на ИПА МКД, ИПА Регион Скопје и на наши колеги од ОКР и ПСОН Кисела Вода денеска го посети Дневниот центар за деца на улица при што на дечињата кои беа таму им беа подарени ИПА блузи , нови детски кондурчиња, сетови со шлолски прибор од нашиот ИПА партнер “ПАКУНГ”, сетови за орална хигиена од нашоиот ИПА партнер, ПЗУ стоматологија др. Марковиќ , сетови за хигиена и шољи за топли напитоци од нашиот ИПА партнер “БИМ Дизајн” како и новогодишни пакетчиња донира донирани од нашиот ИПА партнер “ЖИТО” маркети, како и други потребни работи во центарот обезбедени од ИПА .

Ја користиме оваа прилика да им се заблагодариме благодариме на овие општествено одговорни компании и на сите наши ИПА Пријатели и подржувачи кои во континуитет ги помагаат активностите на ИПА.

Воедно ги повикуваме сите хумани луѓе и општествено одговорни компании да ни се придружат во спроведувањето на овие хумани и нужно потребни активности со цел да помогнеме и допреме до сите каде што можеме.

Напоменуваме дека тука не застануваме и планирани се уште неколку хуманитарни акции во пресрет на Новогодишните и Божиќни празници.

Исто така им благодариме и на МТВ кои беа доблесни и направија кратка репортажа за оваа наша акција.

Ве поздравуваме со нашето мото Servo per amikeco” Преку служба до пријателство

Please follow and like us: