ИПА Национална секција на Република Северна Македонија и ИПА Регион Струмица по повод одбележувањето на 15 години од оснивањето на Националната секција на ИПА со особено задоволство го најавуваат 5-тиот јубилеен меѓународен турнир во стрелаштво, кој ќе се одржи на 17 октомври 2026 година, на стрелачкиот центар „Мегдан“ – с. Попчево, Струмица.

Овој значаен меѓународен настан ќе се одвива во периодот од 15 до 18 октомври 2026 година, со учество на ИПА членови од земјата и странство. Турнирот претставува одлична можност за дружење, спортско натпреварување, како и за зајакнување на пријателските врски и меѓународната соработка меѓу членовите на ИПА.

По повод одржувањето на јубилејниот турнир, ИПА Регион Струмица ќе организира и низа активности во рамките на тридневната програма, со цел гостите од земјата и странство да имаат можност да ја запознаат Струмица и нејзините природни, културни и туристички потенцијали.

Воедно, на 16 октомври 2026 година, ИПА Регион Струмица ќе го одржи своето редовно годишно изборно собрание, за што се известуваат сите членови на ИПА Регион Струмица.

Петтото, јубилејно издание на турнирот е уште една потврда за успешната соработка, посветеноста и пријателството што ги поврзуваат членовите на ИПА, со заедничка цел – „Servo per Amikeco“ (Служба преку пријателство).

Добредојдовте во Струмица!

Очекуваме уште едно незаборавно ИПА дружење, исполнето со спортски дух, пријателство, фер-плеј и убави спомени.

Програма – „ИПА Мегдан 2026„

 

 

Please follow and like us: