На ден 04.10.2025 година ИПА регион Струмица во координација со Интернационалната полициска асоцијација-национална секција ИПА Македонија го организира четвртиот турнир во стрелаштво кој што ќе се одржи на лиценцираниот Стрелачки центар „Мегдан„-с.Попчево со почеток во 10.00 часот.
Турнирот втора година ќе биде од меѓународен карактер за што учество имаат потврдено ИПА членови од неколку земји.

Учесниците ќе се натпреваруваат во следните категории:
– Пиштол кал.9 мм
– Малокалибарска пушка
– Летечки мети (глинени голуби)

На победниците по категории ќе им бидат доделени пехари, медалји и други пригодни подароци.
Турнирот е потпомогнат и од Спортската стрелачка федерација на Македонија.

Воедно на 03.10.2025 година ИПА регион Струмица ќе го одржи и своето редовно годшно собрание во хотел „Сириус„ со почеток во 16.00 часот.

Please follow and like us: