Почитувани ИПА членови и ИПА пријатели а пред се наши ИПА членови ветерани,

Ве извесуваме дека во рамките на своите активности ИПА МКД и ИПА Регион Скопје го потпишаа договорот со ФПИОСМ за задршка на членарина за ИПА од пензија. Со овој договор им овозможуваме на нашите ИПА членови , нашите Ветерани со потпишување на изјавата во нашите канцеларии и кај нашите ИПА претставници да го продолжат или обноват членството без притоа да одат во банка и да ја уплаќаат целата годишна членарина и без додатни трошоци, туку истата ќе им биде одбивана од пензијата на истиот принцип како и додека биле активно вработени во МВР.

Со овој договор се надеваме дека се доближивме повеќе до нашите Ветерани и дека истите ќе ги задржиме во нашите редови.

Тие што досега веќе извршиле уплата на годишна чланарина по потпишувањето на изјавата, средствата ќе им бидат вратени на нивната трансакциска сметка.

Образецот ИЗЈАВА е дистрибуира и во електронска и во печатена форма до сите ИПА Региони на ИПА МКД и е достапен на нашите веб-страници како и на веб-портал на МВР.

Изјавата може да ја видите и снимите на ваш уред со клик на следниот линк:

 Изјава за задршка на членарина од пензија

 

Ве поздравуваме со нашето мото Servo per Amikeco,

“Преку служба до пријателство “

Please follow and like us: