Почитувaни ИПА членови, ИПА пријатели на ИПА – МКД и ИПА Регион Скопје.

ИПА во рамките на своите планирани активности пред крајот на оваа година не ги заборави и своите најмали ИПА членови, нашиот подмладок.

Ги покануваме сите наши ИПА членови на ИПА Регион Скопје кои имаат дечиња на возраст до 9 години на ден 28.12.2022 година , Среда во времето од 17 до 19 часот да ги донесат своите најмлади на дружење со Дедо Мраз во игротека БИЕН каде што ќе добијат и скромно новогодишно пакетче , многу забава и дружење низ игра и музика.

Ги потсетуваме нашите родители ИПА членови со себе да ја понесат и својата ИПА членска картичка.

Бројот на новогодишни пакетчиња за жал Дедо мраз оваа година ни го ограничи на 200 (двестотини) па затоа побрзајте и дојдете да се забавуваме.

Среќни новогодишни празници и исполнување на сите ваши детски желби ви посакува ИПА Регион Скопје.

Please follow and like us: