Почитувани , во рамките на своите планирани активности ИПА Македонија- ИПА Регион Скопје на ден 05.12.2023 година во времето од 10 до 14 часот, во соработка со Ц.К.РСМ – Црвен крст на Град Скопје , Општинска организација Кисела Вода ја организираше третата традиционална крводарителна акција на ИПА членовите . Во акцијата учествуваа 26 пријавени членови а собрани се 22 единици крв од кои 7 единици се 0+ . За додбележување на денешната ИПА хуманитарна акција е и подршката на пет член тим од ИПА Регион Штип – Делчево , за што сме им благодарни.
ИПА организацијата продолжува со своите хуманитарни активности во месеците декември и јануари следејќи ги целите и принципите на најголемата полициска организација во светот. Ве поздравуваме со нашето мото ” преку служба до пријателство “.

Please follow and like us:








