Почитувани,
Во рамките на своите предновогодишни хуманитарни активности ИПА Македонија и ИПА Регион Скопје со свои тимови а на покана на Лајонс Клуб “Пајко Маало ” на 06.12.2023 година учествуваа на традиционалниот хуманитарен Пикадо турнир ” Зоран Минов ” . На овој турнир имаше и тимови од средното училиште за ученици со оштетен слух ДУЦОР ” Партенија Зографски “. Натпреварот помина во многу забавен и пријателски дух , дружењето со младите ученици кои беа весели и добро расположени се пренесе на сите присутни гости од различни компании и организации. Би сакале да напоменеме дека тимот на ИПА Македонија на овој пикадо пријателски натпревар го освои третото место . Им благодариме на Л.К ” Пајко Маало” за поканата и за нашата соработка во хуманитарните активности. Ве поздравуваме со нашиот слоган ” Преку служба до пријателство ” .

Please follow and like us: