Почитувани на покана на ИПА Романија ,
Регион Таргу Муреш . Тим на ИПА Македонија ,Регион Скопје како збратимен регион во периодот од 30.11. до 03.12.2023 присуствуваше на 25 роденден на Регион 1 Муреш а воедно и на националниот ден на Романија. Од срце им го честитаме 25 годишното постоење на ИПА Регион Таргу Муреш и им посакуваме уште многу јубилејни родендени. Покрај ИПА Македонија ,ИПА Регион Скопје , присутни беа и ИПА Кипар Регион Ларнака и ИПА Молдавија како и други ИПА Региони од ИПА Романија.
Вредно е да се напомене дека ИПА Н.С Македонија и ИПА Н.С Романија се збратимени секции , а ИПА Регион Скопје е збратимен со Регион 1 Темишвар и Регион 1 Муреш . Се надеваме на понатамошна плодна соработка помеѓу членовите на ИПА организацијата а со цел остварување на нашето мото ” преку служба до пријателство”.


Please follow and like us:
