Во периодот септември-октомври, ИПА Охрид, беше домаќин на ИПА
делегациите од Австралија, Естониа и ИПА Златиборска-Србија. Притоа, беа
остварени одлични средби со ИПА колегите, корисна размена на информации,
имаше забава и секако, посета и промоција на позначајните охридските
знаменитости и убавини.
Значително е да се нагласи дека, делегацијата на ИПА Австралија беше
примена од градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков на кого, тие му
подарија пригоден ИПА подарок. Австралиската ИПА делегација ја посети и
Планинарската спасителна служба и Црвениот крст Охрид каде, проследија
соодветна видео презентација за нивните бројни хумани активности на
терен.


Please follow and like us:





