На 25.06.2022 година, членови на ИПА Охрид и Струга како и граѓани, по
6-ти пат учествуваа на вело возењето на вело релацијата
Охрид-Струга-Радожда. Со тоа, ИПА Охрид, уште еднаш ја промовираше
идејата и потребата од изградба на современа,модерна и безбедна вело
патека помеѓу двата крајезерски туристички града што, значително ќе
влијае врз туристичката промоција на Охрид и Струга, генерало на
туризмот и секако, на потребите од велосипедско поврзување што е од
интерес на вљубениците во велосипедското возење но и на туристите. Оваа
година, на ова вело возење ни се приклучија и поддршка ни дадоа и профи
бајкерите Александар Стојков и Лазо Миноски од Скопје кои, заедно со
велосипедистите Владимир Секулоски и Кирил Марковски, кон крајот на март
годинава, ја реализираа вело турата „Вера 2022“ и возеа околу 3000
километри низ Македонија, Србија, Хрватска, БиХ, Црна Гора и Албанија.
Посебно значајно е што, вело возењето беше следено и од новинар на МРТВ
со директно вклучување од текот на возењето како знак на подршка на ИПА
Охрид во заложбата за поттикнување на надлежните, конечно да стартуваат
со подготовки за изградба на толку потребната вело патека помеѓу Охрид и
Струга.

Please follow and like us:

