ИПА Регион Куманово, по повод одбележување на 10 години од своето постоење , во период од 02 – 04.12.2022 година, ја одржа „2ра меѓународна ИПА Средба – Куманово 2022„.
Како дел од планираните настани и свечености, ИПА Регион Куманово на ден 02.12.2022 година, потпиша Повелба за збратимување со ИПА Регион Добој (ИПА Босна и Херцеговина) и со ИПА Регион Косовско Поморавње (ИПА Србија).
На настанот како свечени гости присаствуваа Началник и Заменик началник на СВР Куманово и претставник на МВР а исто така присаствуваа и високи ИПА Делегации од ИПА Албанија, ИПА Бугарија (ИПА Регион Бургас), ИПА Грција (ИПА Регион Флорина), ИПА Црна Гора (ИПА Регион Улцињ) и ИПА Србија (ИПА Регион Крушевац и ИПА Регион Лесковац).
На средбата присаствуваше и делегација на ИПА Македонија и ИПА Регион Скопје во највисок состав.
ИПА Регион Куманово изразува голема благодарност до Етно Село Тимчевски , Корнер Баба Цана, Ресторан Фемили, Слаткарница Зафир, Музичко училиште Панче Пешев како и до многубројни други ИПА пријатели, кои што го помогнаа одржувањето на оваа средба.
Servo per amikeco



Please follow and like us: