Во периодот од 31.08.2023-03.09.2023 година, по добиена покана од ИПА Национална секција Романија за учество на пријателски фудбалски натпревар меѓу двете ИПА секции, а по повод одбележување на 31-та годишнина од основањето на ИПА Национална секција Романија на настанот присуствуваше делегација на ИПА Македонија составена од 44 ИПА членови. Делегацијата на ИПА Национална секција ИПА С.Македонија беше предводена од Управниот одбор на Национална секција ИПА С.Македонија, а  на настанот присуствуваа и ИПА членови од ИПА Регион Скопје, ИПА Регион Штип, ИПА Регион Тиквеш-Повардарие, ИПА Битола и ИПА Струмица.

Во рамките на настанот беше организирана посета на Парламентот на Романија, посета и разглед на Букурешт и на 02.09.2023 година во спортскиот комплекс Изворани, Романија се одигра пријателскиот фудбалски натпревар.

Благодарност до тимот на ИПА Национална секција Романија предводен од Претседателот, Потпретседателот и Генералниот секретар кој беше домаќин и организатор на овој настан, за одличната организација и гостопримство за време на престојот на нашата делегација. ИПА е пријателство, дружење, меѓусебна помош и поддршка, можност за воспоставување и развој на професионалната соработка.

Преку служба до пријателство-Servo Per Amikeco

В.И.

 

Please follow and like us: