Во периодот од 28.09.2023-01.10.2023 година, по добиена покана од ИПА Национална секција Кипар за учество на 40-ти Конгрес на ИПА Кипар кој се одржа во Ларнака делегација на ИПА Македонија составена од 36 ИПА членови присуствуваше на одбележувањето на овој јубилеј на ИПА Кипар. Делегацијата на ИПА Национална секција ИПА С.Македонија беше предводена од Управниот одбор на Национална секција ИПА С.Македонија, а на настанот присуствуваа ИПА членови од ИПА Регион Скопје, ИПА Регион Штип, ИПА Регион Тиквеш-Повардарие, ИПА Тетово, ИПА Охрид  и ИПА Струмица.

Од страна на ИПА Кипар беше организирана посета на културно – историски места во Ларнака, посета на Никозија и присуство на свечениот дел на Конгресот каде свое обраќање имаше Претседателот на УО на ИПА Македонија, г-дин Игно Стојков.

Во рамките на настанот за време на свечената вечера беше потпишана Повелба за соработка меѓу Национална секција ИПА Кипар, ИПА Македонија и ИПА Романија.

На настанот беа остварени контакти со претставниците од ИПА националните секции кои беа дел од овој настан, односно со претставници од ИПА Австрија, ИПА Германија, ИПА Грција, ИПА Романија, ИПА Шпанија, ИПА Полска, ИПА Словачка, ИПА Црна Гора, ИПА Португалија, ИПА Шри Ланка, ИПА Велика Британија, ИПА Албанија, ИПА Бугарија, ИПА Хрватска, ИПА Малта, ИПА Израел, ИПА Србија, ИПА Молдавија, ИПА Естонија, ИПА Унгарија и ИПА Ирска на кои од наша страна им беа врачени скромни подароци.

Преку служба до пријателство-Servo Per Amikeco

В.И.

 

Please follow and like us: