За време на 9-та ИПА Средба во Шамац, Р.БиХ, кој што се одржа во период од 25-27.08.2023 година, во спортската сала во основното училиште „Шамац„ беа организирани ИПА спортски игри во повеќе спортски дисциплини, во кои што учество зедоа ИПА натпреварувачи од ИПА делегации од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија, Романија, Унгарија и Израел.

Во дисциплината „слободни фрлања„ во конкуренција од вкупно 9 (девет) натпреварувачи, учество зеде и нашиот ИПА член Милош Спасиќ од Клуб на млади, спорт и култура на ИПА Регион Куманово, при што истиот како еден од најмлади учесници во натпреварот го освои првото место.

Освоеното прво место во натпреварот доаѓа по т.н. „трилер„ завршница кога нашиот натпреварувач по спроведеното прво коло имаше реализирано еднаков најголем број на погодоци со друг натпреварувач (од ИПА Регија Тузла, БиХ) по што за да се одреди победникот мораше да се спроведе втор круг (т.н.„мајсторка„) каде што дојде до израз високата смиреност и концентрација како и изразита прецизност на нашиот натпреварувач, кој што на крајот сосема заслужено го освои првото место !

За нагласување е дека оваа претставува прв настап на интернационален спорстки ИПА натпревар, на член на Клуб на млади, спорт и култура на ИПА Регион Куманово (кој што Клуб е во фаза на формирање) при што постигнаиот успех има дополнително значење во смисла на охрабрување на сите други членови на ИПА Регион Куманово, да се пријават за членство во овој клуб бидејќи огласот е се уште отворен за аплицирање.

За време на централната вечер, во свечена атмосфера на нашиот член Милош Спасиќ од страна на Недо савиќ – Претседател на ИПА Регија Добој јавно му беше доделен медал со Диплома за постигнатот успех.

ИПА Регион Куманово на нашиот член му упатува честитики за освоеното прво место на овој натпревар и му посакува во иднина да продолжи да реди исти успеси во други спорстки ИПА натпревари во кои што ќе настапува со што во најдобро светло ќе продолжи да го претставува ИПА Регион Куманово и ИПА Оддел Македонија.

Please follow and like us: