Почитувани ,

на ден 24.12.2022 ИПА МКД – ИПА Регион Скопје заедно со Црвен крст на Град Скопје ги посети нашите најмлади сместени во болнички услови на детската клиника во клиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје каде им беа подарени заедно со Дедо мраз пакетчиња и желби за побрзо оздравување .

Пакетчињата беа обезбедени од страна на OIDE-UN и Државната лотарија на РС Македонија. Од страна на членовите на Црвениот крст беше направен перформанс со Дедо мраз и други детски ликови кои направија да видиме и насмевки и радост.

Им благодариме на сите учесници и на сите ИПА членови што заедно со ИПА организацијата учествуваа во уште една од редот на нашите хуманитарни активности во месец Декември 2022.

Ве поздравуваме со нашиот поздрав Преку служба до пријателство со желби за повеќе успех како на деловен така и на приватен план.
Servo per Amikeco
“Преку служба до пријателство”

Please follow and like us: