Во одлична пријателска и колегијална ИПА атмосфера, на 17.12.2022
година, во охридскиот хотел „Белведере“, беше потпишана повелбатата за
соработка и збратимување помеѓу Интернационалната полициска асоцијација,
регион Охрид-Македонија и Интернационалната полициска асоцијација
регион Егнатија-Република Албанија. Повелбата ја потпишаа
претседателите на двата региони, м-р Стефан Димоски и Генц Постоли. На
свеченоста, поздравно обраќање имаше заменик градоначалникот на Охрид,
Перчо Божиновски кој, во името на градоначалникот Пецаков и локалната
самоуправа, го честитаа збратимувањето на двете полициски ИПА
организации. Перчо Божиновски, истакна дека Повелбата за збратимување е
доказ за меѓусебното разбирање, желба и потреба за кооперативност,
заемно помагање на двата ИПА региона и двете национални секции на сите
нивоа, со цел ширење на ИПА идеите и доказ за билатералната меѓународна
професионална ИПА полициска соработка. На свеченоста, говореа и
претседателот, потпретседателот и генералниот секретар на ИПА Албанија,
Скендер Дода, Ардијан Загаљоли и Еда Тоска, кои го поздравија чинот на
збратимување што значително ќе ја интензивира соработката помеѓу двата
блиски ИПА региони.
Благодарност до говорниците, но и до генералниот секретар Игор Смилески,
Антигона, Ергин, Јована, Беким и до останатите членови на Управниот
одбор на ИПА Охрид, за покажаната професионалност во подговката на оваа
значајна средба и благодарност до делегацијата од ИПА Битола, предводена
од претседателот Сашо Митевски, која присуствуваше на свеченоста, искажа
м-р Стефан Димоски,претседател на ИПА Охрид. Димоски, кажа дека
Повелбата за збратимување е доказ за меѓусебно разбирање, желба и
потреба за кооперативност, взаемно помагање на двата ИПА региони со цел
ширење на ИПА идеите но и чекор плус кон подигнување на степенот на
безбедноста во нашите средини и пошироко.

Please follow and like us: