„По повод 7ми Маj-ден на Полиција, ИПА Регион Куманово, на ден 06.05.2023 година во соработка со Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Куманово , во ИПА Канцеларија, одржа успешна доброволна хуманитарна акција во собирање на прехрамбени производи како и во средства за колективна и лична хигиена.

Соберените донации (артикли) на ден 09.05.2023 година беа предадени на Црвен Крст за понатамошна дистрибуција на истите кон социјално загрозени семејства според нивна приоритетна листа.

ИПА Регион Куманово изразува благодарност на сите учесници кои активно учествуваа во хуманитарната акција!

Servo per amikeco – Во служба преку пријателство„

Please follow and like us: