По добиена лична покана на ниво на претседатели на збратимени региони, висока делегација на ИПА Регион Куманово на ден 25.04.2023 година присувствуваше и во својство на набљудувачи зеде активно учество во Изборно собрание на ИПА Регион Косовско Поморавље во Врање, Р.Србија .

За време на одржаното собрание беа разгледани и усвоени повеќе акти и одлуки, при што беше извршен избор на нови органи и тела на управување, кои што во наредниот период ќе раководат со ИПА Регион Косовско Поморавље.

ИПА Регион Куманово упатува честитики за изборот и на збратимениот регион му посакува многу успех во понатамошна работа.

Во останатиот дел од планираната работна агенда, беше извршена обиколка и разгледување на градот, посета на индустрискиот комплекс “Јумко” како и прием од страна на Ненад Крстиќ-Градоначалник на Општина Трговиште.

Исто така беше остварена и средба со претседателот на другиот збратимен регион на ИПА Добој од Р.Босна и Херцеговина при што беа разменети корисни искуства и беа договорени идни заеднички ИПА активности.

„Servo per amikeco – Во служба преку пријателство„ 🇲🇰🇷🇸🇧🇦