Почитувани
Ве известуваме дека ИПА МКД, ИПА Регион Скопје, со цел унапредување на знаењата на учениците од второ и трето одделение од Основните училишта отпочна со проектот за едукација на децата, учесници во сообраќајот.
Првата група ученици од ООУ Ѓорѓија Пулевски од Скопје-Аеродром од
II 2 одделение на 03.04.2024 година, Среда ги посетија канцелариите на ИПА Македонија, ИПА Регион Скопје каде од страна на полициски службеници од СВР Скопје, Одделението за Превенција и ПСОН Кисела Вода заедно со претставници на Авто школа “New Fox” имаше презентација на едукативен филм и интерактивна работилница со цел проширување на знаењата на децата за безбедноста во сообраќајот.
Овој проект за почеток се спроведува на подрачјето на Град Скопје во соработка со МВР и СВР Скопје, Одделение за Превенција од страна на ИПА членовите на ИПА Регион Скопје и членовинаУО, Горан Миленкоски-Спенсер и Орце Јовановски како и Силвана Петров, Дипломиран проф.по одделенска настава ,лиценциран предавач по сообраќај , лиценциран инструктор по Б категорија и едукатор по сообраќај со 10 годишно искуство и Дарко Петров лиценциран инструктор по Б категорија,едукатор по сообраќај со 15 години работно искуство.
Во иднина е планирано истиот да се спроведе на територијата на целата држава.
Ја користиме оваа прилика да се заблагодариме на подршката на МВР и СВР Скопје и едукаторите од Авто школа “New Fox ”
Видео No.1

Видео No.2

Please follow and like us: