Двочлена делегација на Македонската секција на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА), учествуваше на 34 национален конгрес на Грчката секција на ИПА, што од 9-ти до 13-ти мај годинава се одржа на островот Крит.На конгресот, репрезенти на ИПА Македонија беа м-р Стефан Димоски, претседател на ИПА-регион Охрид и Душан Јованов, претседател на комисија за надворешни односи.

На свечената церемонија на конгресот, во својот пригоден говор,претседателот на ИПА регион Охрид, Стефан Димоски, во име на Македонската секција на ИПА, на грчките колеги го честита 34 конгрес посакувајќи им понатамошен успех во работата на ИПА Грција. Димоски ги запозна грчките колеги со активностите на Македонската ИПА и со реализираните проекти, програми и работилници поврзани со Улогата на полицијата во развојот на демократизацијата на општеството, со предизвиците на полицијата во врска со почитувањето на основните слободи и права на човекот“, „Односот на полицијата со јавноста на ниво на локалната заедница“, Унапредување на полициската служба и развивање на довербата на граѓаните“ како и за активности од спортски, едукативен и хуманитарен карактер.Претседателот Димоски ја нагласи нашата фокусираност на организација на меѓународната ИПА моторциклистичка средба што ќе се одржи во Скопје и Охрид на 24 и 25 овој месец а посебно со претстојната организација на следниот светски ИПА конгрес што во 2022 година ќе се одржи во Скопје и Охрид.

 

Во рамките на 34 конгрес на Грчката секција на ИПА на Крит, претседателите Димоски и Јованов ги пренесоа поздравите од претседателот на Македонската секција на ИПА Робертино Ацески а со цел унапредување на меѓусебната соработка, остварија средби со Ioannis Karapatakis, националниот претседател на Грчката секција на ИПА, Vasileios Papas- националниот генерален секретар како и со повеќе други претставници на национални ИПА секции и ИПА региони од светот.

 

 

Please follow and like us:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *