ИПА МАКЕДОНИЈА НА МЕЃУНАРОДНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ЦЕНТРАЛНО-ИСТОЧНИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ НА ИПА

Во периодот од 24.5. до 27.5.2018 год. во градот Рацкеве – Унгарија, во организација на ИПА Секцијата на Унгарија, се одржа тродневната Меѓународна конференција на централно и источно Европски земји членки на ИПА .

Оваа конференција ги поврзува 24 членки на ИПА а на оваа конференција земаа учество покрај Македонската секција и уште 16 ИПА Секции.

Четворочлената делегација на Македонската секција ја предводеше претседателот на ИПА регион Скопје г.дин Владо Мирчевски.

На оваа конференција се обработени теми  според следниот дневен ред:

  1. Улога на ИПА и полицијата во заштита на животната средина,
  2. Иднината на состаноците на централно-источните секции,
  3. Потврда на договорот потпишан 1999 год.
  4. Претставување на организаторот за конференцијата 2019 год,
  5. Избор на организатор на конференциите за 2020 и 2021 год.

        Воедно е донесен заклучок од страна на секцијата на ИПА Унгарија , да се упати барање до сите секции членови , кои уште не го потпишале договорот, на своите управни одбори донесат одлуки за верификација и ги достават до ИПА Унгарија.

        Претставниците на ИПА Русија – Ст-Петерсбург, како следни организатори на оваа конференција, одржаа кратка видео презентација за нивните припреми 2019 за год.

Исто така е потврдена кандидатурата на ИПА Швајцарија за организација 2020 год.,  а ИПА Македонија за организација на конференцијата 2021 год.

Во организација на Градоначалникот на град Рацкаве и ИПА Унгарија за време на оваа манифестација беше организирано садење на дрва – секоја секција одделно и откриена  спомен плочас со имињата на сите ИПА Секции членки на оваа конференција.

Please follow and like us:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *