АРТУР ТРИП СТИПЕНДИИ

Се доделуваат еднаш годишно, по две за секој континент, во која имаме член Секции – Африка, Америка, Австралија, Азија и Европа. Секоја стипендија се состои од Стипендија не повеќе од 3. 000 швајцарски франци, кои треба да се користат за семинари во меѓународниот конференциски центар IBZ Schloss Gimborn или слична институција. Апликантот мора да е член на ИПА најмалку една година пред да аплицира и стипендија мора да се преземе помеѓу 1 Јануари и 31 декември по доделување на стипендијата. Студиските стипендии може да бидат доделени на ИПА членови во полициската служба, но претежно се насочени кон помладите членови. Земјите мора да поднесат барање со образложение на нивните причини за поддршка на нивниот избор. Апликациите мора да бидат обработени преку Националните Секции, во Меѓународниот генерален секретаријат (IAC) и мора да биде поддржани од нивна страна со писмена изјава.