На ден 24.02.2024 година, во Ученички дом „Професор Мијалковиќ“ Куманово, се одржа вториот меморијален меѓународен шаховски турнир „Мартин Петковски 2024„ .
По одиграни полуфинални и финални натпревари, беа постигнати следниве резултати:
Прво место: Миодраг Ѓоковиќ Ipa Leskovac 🥇🏆
Второ место: Филип Алексовски Ipa Skopje 🥈
Трето место: Сашо Манасиевски IPA Region Kumanovo 🥉
Четврто утешно место му припадна на: Дејан Ефтимов IPA – Strumica🏅
Набљудувачка комисија на турнирот беше составена од претставници на IPA MKD, Ипа Косовско Поморавље од Р.Србија и Ipa Prilep.
Почесен гостин на турнирот беше претседателот на ИПА Оддел Македонија, г-дин Игно Стојков.
Во рамки на настанот, во почесно членство на ИПА, званично со доделување на членска картичка, беше примен Антонио Петковски, брат на Мартин Петковски.
Настанот беше реализиран со успешна соработка и поддршка од нашите традиционални ИПА пријатели и подржувачи и тоа: Ученички дом „Професор Мијалковќ„ од Куманово, Muzej Kumanovo, Daks-2003, Mikrografiks, Арис Куманово, Градска кафана “Корнер/Баба Цана“, Family Grill & Bar, Kobra Obezbeduvanje, Euro College, Level Edukativen Centar, Сокара „Кватро„ и златара „Алт‘н„ сите од Куманово.
Целокупниот настан медиумски беше покриен од KumanovoNews .
Servo per amikeco🇲🇰





















