Почитувани, на ден 19.03.2024 година се одржа средба со Министерот Панче Тошковски со раководството на ИПА на која го запознавме со целите и улогата на ИПА и го запознавме со пресретојните проекти и активности како и фактот дека оваа година сме домаќини на ИПА 67миот Светски Конгрес на кој очекуваме делегати и гости од над 70 држави од светот.

Заеднички се констатираше дека во духот на нашето Есперанто мото “Servo per Amikeco” (услуга преку пријателство) соработката помеѓу ИПА и Министерството за внатрешни работи треба да се унапредува што ќе резултира со овозможување на подобри услови за пријателство и меѓународна соработка меѓу полициските службеници.

Please follow and like us: