Викендов (17.02.2024), во Херцег Нови-Црна Гора, ИПА Охрид-секција Македонија и ИПА регион Југ, секција Црна Гора, потпишаа Повелба за збратимување и соработка, со цел ширење на принципите и идеите на Интернационалната полициска асоцијација ИПА. Повелбата, по претходна согласност од сите членови на Управниот одбор на ИПА Охрид, ја потпишав со претседателот на ИПА секција Црна Гора-регион Југ, Дејан Јанковиќ и секретарот Драгомир Пејовиќ, на пригодна свеченост, во рамките на петтите Меѓународни средби и одбележувањето на 55-от фестивал „Празник на мимозите 2024“. Повелбата за збратимување е уште еден показател на големото пријателство и разбирање помеѓу ИПА Охрид и ИПА регион Југ и силна основа за продлабочување на меѓусебната соработка помеѓу полициските службеници од Македонија и Црна Гора, пред се на професионален план и дружење, согласно темелните основи на ИПА. Свеченоста, на која присуствуваа околу 200 членови од други ИПА секции, беше одлична прилика за билатерални средби како и за нова промоција на Охрид како атрактивна туристичка дестинација но и како безбеден туристички центар во Македонија и светот. Упатувам искрени честитки до претседателот Јанковиќ и секретарот Пејовиќ како и до целиот Организационен одбор на ИПА регион Југ, за беспрекорната организација на 5 Меѓународни ИПА средби и на можноста, уште еднаш да уживаме во нивното гостопримство но и во убавините на Херцег Нови
Претседател на ИПА регион Охрид
М-р Стефан Димоски

Please follow and like us:







