На ден 23.02.2024 година, во рамки на планираниот настан „Мартин Петковски 2024„ во просториите на Еуро Колеџ во Куманово, се одржа промоција на книга „Тајни на рајските докумети„ од авторот Бранислав Коциќ од ИПА Лесковац, Р.Србија, збратимен регион на ИПА Регион Куманово.

Промотори на книгата беа: Проф.д-р Марјан Младеновски од нашиот ИПА Пријател Еуро Колеџ и Проф.Бобан Ѓорѓиевски од нашиот ИПА Пријател Едукативен центар “Левел” од Куманово, а на крајот, своето авторско дело на кумановската јавност го претстави и самиот автор Бранислав Коциќ.

На промоцијата, свој музучки настап имаше професорот Боби Серафимовски заедно со своите ученици од УОМО „Панче Пешев„ од Куманово.

Настанот беше реализиран во успешна соработка со нашите традиционални ИПА пријатели и подржувачи и тоа: Музеј Куманово, Ученички дом „Професор Мијалковиќ„ Куманово),Градска кафана „Корнер/Баба Цана„ Кобра Обезбедување, ДАКС-2003,Микрографикс,Арис Куманово, Сокара „Кватро„ и златара „Алт‘н„ сите од Куманово.

На настанот свое обраќање имаа претседателот на ИПА Македонија г-дин Игно Стојков и деканот на Еуро Колеџ, проф.д-р Љубиша Петрушевски.

Please follow and like us: