Почитувани ,
Во рамките на предновогодишните хуманитарни активности ИПА Македонија и ИПА Регион Скопје а во соработка со OIDE – UN , на ден 16.12.2023 година учествуваше на Пливачкио натпревар за женски и машки млади пливачи со атипичен развој во организација на пливачки клуб Атлантида и ИТК Македонија за адаптивно пливање.
На натпреварот учествуваа натпреварувачи од 10 држави од регионот. Од страна на OIDE-UN и ИПА ,беа подарени 350 новогодишни пакетчиња на учесниците на овој прекрасен натпревар. Ги поздравуваме и охрабруваме организаторите на овој пливачки натпревар да продолжат со вакви и слични активности а ние ќе им бидеме и во иднина достојни партнери и помагатели. Ве поздравуваме со нашиот слоган ” Преку служба до пријателство “.

Please follow and like us:



