Бургас - Бугарија
Во перидот од 11 до 13 мај 2018 година, на покана од ИПА Бургас – Бугарија, четири члена делегација од ИПА Скопје беше дел од спортскиот турнир од хуманитарен карактер организиран по повод собирање донации во парични средства за семејствата на починатите колеги полициски службеници – членови на ИПА Бургас.
Делегацијата беше претводена од Претседателот на ИПА Скопје Владо Мирчевски, Игор Манојлоски – благајник на ИПА Скопје, Маја Ѓорѓиевска – член на Комисија за меѓународна соработка и Маја Стојановска – член на ИПА Скопје.
Претставниците на ИПА Скопје беа пречекани од страна на Павлин Ковачев Претседател на ИПА Бургас. Покрај делегацијата од ИПА Скопје, на настанот учество земаа и повеќе ИПА региони од Србија и Бугарија. (ИПА Крушевац, ИПА Пирот, ИПА Видин и други) Во рамки на настанот, беше организирана и прошетка до градот Созопол каде членот на ИПА Бургас г-дин Иван Киров во својство на водич ни овозможи детално запознавање со знаменитостите на местото.
Покрај оваа цел, посетата на Бургас овозможи да се работи на продлабочување на соработката помеѓу регионите и во наредниот период да се иницира збратимување меѓу регионите ИПА Скопје и ИПА Бургас.



