Делегација на ИПА-Скопје на покана на ИПА Меѓумурје-Чаковац, на престој во Хрватска
Почитувани
Делегација на ИПА Скопје во периодот од 09-11.11.2018 година на покана на ИПА Меѓумурје – Чаковец, престојуваше во Хрватска.
Делегацијата предводена од претседателот на ИПА Скопје, Игно Стојков, Игор Манојлоски, Орце Јовановски и Томче Петрушев
долгогодишната соработка со ИПА Меѓумурје – Чаковец ја круниса со потпишувањето на Повелбата за збратимување на овие два ИПА Региони.
Повелбата ја потпишаа Претседателот на ИПА Скопје Игно Стојков и Генералниот секретар Игор Манојлоски од една страна и Претседателот на ИПА Меѓумурје – Чаковец Дарко Драгичевиќ и потпретседателот Жељко Турк.
Кум на оваа свеченост беше почесниот член на ИПА Меѓумурје Чаковец, Борис Перовски сопственик на брендот “БЕРНАРДА” кој е по потекло од Македонија.
Делегацијата беше сместена во Пансион БЕРНАРДА во Вараждинске топлице и имаше прилика да го посети регионот Меѓумурје кој го чествуваше празникот “Мартиње” во чест на младото вино, винаријата “Томшиќ” и други винарии.
Престојот беше искористен и за посета на Вараждин и Чаковец.
Ја користиме оваа можност за да се заблагодариме на домаќините за одличната организација со надеж за продлабочување на соработката во иднина со најстариот ИПА регион во Хрватска.