Учество на хуманитарен ИПА собир по покана од ИПА Подунавље

Почитувани ИПА членови и ИПА пријатели Ве известуваме дека ИПА Скопје присуствуваше на хуманитарна вечер за собирање на средства за помош на лица со посебни потреби. од Смедерево чиј претседател е ИПА член и пензиониран припадник на МУП Србија.
Организаторот на оваа хуманитарна вечер беше ИПА регионот “Подунавље”.
Од страна на организаторот беше организирана вечера за дружење на делегациите од Црна Гора, Словенија и Македонија.
За време на престојот остварени се средби со претставници на повеќе од 20 региони од Србија, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Република Српска и Босна и Херцеговина.
Беше остварена и средба со претседателот на ИПА Србија Проф. Д-р Небојша Пантелиќ и преставници на локалната самоуправа.
Преку продажба на лотарија и книги беа собрани над 700 евра и донирани на здружението за лица со посебни потреби.

Please follow and like us:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *