На наше огромно задоволство извршниот одбор на светската ИПА првиот состанок во 2015 година го оддржа во Скопје, во организација на ИПА Македонија. Состанокот помина во полна работна атмосфера, а слободното време беше исполнето со бројни активности, дружење и размена на искуства со членовите од ИПА Македонија. За гостите беше организирана прошетка низ центрарот на Скопје, посета на Милениумскиот Крст, посета на спомен куќата на Мајка Тереза, како и посета на музејот на МАКЕДОНСКАТА БОРБА ЗА ДРЖАВНОСТ И САМОСТОЈНОСТ. Организирани беа свечени вечери во организација на ИПА Македонија во ресторан “Балканика” каде беа поканети од наша страна и претставници на ИПА Германија, Словачка и Унгарија. Беа разменети пригодни подароци и сувенири. Наредниот ден беше организирана вечера во националниот резерват “ЈАСЕН” каде имаше и пригодна културно уметничка програма. На крајот од работниот дел на IEB беше остварена посета на винаријата “СТОБИ” каде се оствари и заеднички ручек. Во просториите на винаријата се оддржа состанок помеѓу IEB и управниот одбор на ИПА Македонија на кој состанок се констатираше досегашниот напредок, понатамошните идеи и активности презентирани од наша страна и насоките на светската ИПА и актуелните предизборни активности и подготовки за светскиот конгрес на ИПА кој ќе се оддржи на КИПАР во месец Септември. Атмосверата и дружењето протекоа во најдобар ред, на сеопшто задоволство на ИПА Македонија и во иднина се надеваме дека бидеме домакини и организатори на вакви средби и од поголем мегународен карактер,

Во прилог сведоштва од состанокот и останатите активности на ИПА членството.

         

 

 

Please follow and like us:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *