ВТОРА МЕЃУНАРОДНА СРЕДБА “SKOPJE MEETING 2018“ по повод Ден на полиција – 7 мај

По повод денот на полиција на Република Македонија – 7 Мај, од 4-6 мај 2018 година ИПА Скопје ја организираше втората меѓународна ИПА средба под мотото “Skopje meeting 2018“ на која учество земаа 13 региони од Балканот и Европа и тоа: ИПА Регион Бјелина од Република Српска,ИПА Регион Брчко од Босна Херцеговина, ИПА Регион Неготин подрегион Бор , ИПА Регион Белград и ИПА Регион Ниш од Република Србија, ИПА Регион Бургас од Република Бугарија, ИПА Регион Југ и Регион Центар од Црна Гора, ИПА Регион Крапинско -Загорски од Република Хрватска, ИПА Регион Килце од Полска, ИПА Регион Темишвар од Романија, ИПА Регион Штутгарт и ИПА Регион Хале-Сале од Германија.

Покрај Регионите од странство активно учество земаа и преставниците на ИПА Регион Куманово, ИПА Регион Тетово и ИПА Регион Штип.

Учесниците на настанот беа сместени кај нашите ИПА пријателите х.Мрамор и пансион Ореов Лад во Скопје.

За време на нивниот престој беа организирани повеќе активности и тоа:

FRIENDSHIP (Пријателска) вечера во Ресторанот Фурна на 04.05.2018 година.

Натревар во стрелање со пиштол во поединечна и екипна конкуренција, кој се одржа на 05.07.2018 година на стрелиштето Камник во Скопје каде учесниците имаа можност да ги покажат своите способности во оваа дисциплина, а во попладневните часови за гостите беше организирана и панорамска прошетка низ Скопје со брендиран автобус на ЈСП и локален водич со цел запознавање со знаменитостите на градот.

Вечерта во Ресторан “Виолина“ се одржа свечена вечера на која беа разменети пригодни подароци.

На 06.05.2018 година беше организирана факултитативна посета на Водно по што беа испратени делагациите од ИПА Регионите.

Настанот беше поддржан од ИПА Пријателите :

ДИЈАГ; АУТОМОТИВЕ ГРУП; КОЖУВЧАНКА-СИНАЛКО; ВИНАРИЈА ТИКВЕШ; МИКЕЈ-КАМНИК; ОРМАР ТРАНС; СИ-ГО ТРАНС; ЈСП СКОПЈЕ; МАРАТОН; РЕСТОРАН ВИОЛИНА; БАТЕ КОМЕРЦ;
ЦВЕТКОВСКИ ГРУП; СПОРТ ЛАЈФ; ФУРНА БАКАЛ-ТЕТОВО; БИМ ДИЗАЈН; СТРЕЛАЧКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА; БОРД ЛАЈФ ВИНАРИЈА; ГОДОМИН; ГЛОБАЛ ТРАНС ДМ; МЛАДИНСКИ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР СКОПЈЕ

Please follow and like us:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *