Почитувани , во рамките на своите планирани активности за месеци на Хуманитарни дела како и минатите години ИПА Македонија и ИПА Регион Скопје започнаа и се приклучија кон големата светска активност , месец Ноември – месец на машкото здравје – МОВЕМБЕР .
Во соработка со Лајонс организацијата а на покана на Лајонс клуб ” Пајко маало” ИПА Регион Скопје учествуваше на панел предавање за машкото здравје на која како гостин беше Хирург-Уролог,асс.спец.д-р Димитар Трајковски. Воедно настанот имаше и хуманитарна цел да се помогне со донирање на финансиски средства за младиот фудбалер 19 годишниот Виктор Боневски кој е на тешка операција во Р.Турција . Од страна на ИПА Македонија ИПА Регион Скопје донирани се средства во вредност од 10.000 денари , како и лични донации од тимот кој беше присутен на овој настан .
ИПА организацијата ја користи оваа прилика и ги замолува сите свои членови и ИПА пријатели да донираат средства за овој млад фудбалер. Воедно сите наши ИПА членови и ИПА пријатели да се придружат и со свој допринос учествуваат во Мовембер – месецот на машкото здравје на тој начин што ќе направат превентивни прегледи.
Им благодариме на Лајонс организацијата на поканата и на одличната организација на овој настан и се надеваме на идна соработка .
Би сакале да напоменеме дека ИПА Македонија ИПА Регион Прилеп веќе започна со своите хуманитарни активности и ја организираше за оваа година првата крводарителна акција.
Во тие рамки и ИПА Регион Скопје ја организира својата трета по ред Крводарителна акција на ден 05.12.2023 вторник со почеток во 10,оо часот во ИПА Канцелариите.
Повелете и дојдете уште еднаш да го искажеме својот хуманитарен допринос и карактер на ИПА организацијата како составен дел на нашето општество.
Ве поздравуваме со нашиот слоган ” Преку служба до пријателство ”

Please follow and like us: