На ден 25.02.2023 година во организација на ИПА Регион Куманово, во Средно Училиште “Перо Наков” се одржа меморијален меѓународен шаховски турнир “Мартин Петковски 2023”.

 

По одиграните полуфинални и финални натпревари, постигнати се следниве резултати:

  • Прво место: Миодраг Ѓоковиќ, ИПА Регија Лесковац, Р.Србија 🥇🏆
  • Второ место: Сашо Манасиевски, ИПА Регион Куманово, 🥈🏆и
  • Трето место: Филип Алексовски, ИПА Регион Скопје 🥉🏆

Утешно четврто место му припадна на Васев Гроздан од ИПА Струмица/Радовиш 🏅

 

На настанот присуствуваа 30 посетители и тоа од ИПА Оддел Македонија , ИПА Струмица, ИПА Прилеп, ИПА Скопје и нашите пријатели од ИПА Регија Лесковац од Р.Србија.

Настанот го помогнаа: СОУ „Перо Наков„ – Куманово , Градска кафана “Корнер/Баба Цана“, Ресторан Карузо, Етно Село Тимчевски, Микрографикс , Апартмани Дурмитор , Ресторан Фемили , Дакс 2003 , Арис Куманово , Кобра Обезбедување, Антонио Петковски, Сокара Кватро и Златара Алт’н.

 

Servo per amikeco 🇲🇰

Please follow and like us: