Почитувани ИПА Членови

Ве известуваме дека на ден 09.02.2022 година се одржа работен состанок на УО на ИПА Регион Скопје во проширен состав на кој се донесоа следните одлуки.

Одржување на редовно годишно Собрание на ИПА Регион Скопје на 11.03.2022 година

Одржување на Редовно Изборно Собрание на ИПА Регион Скопје

Право за кандидирање има секој активен член на ИПА кој ги исполнува условите предвидени во Сатутот.

Извадок од Статутот на ИПА Македонија

чл.26 став 2 од Статутот на ИПА Македонија “Мандатот на Собранието трае 5 години и може да се повтори

чл.26 став 3 Составот на Собранието го сочинуваат

т.1 Членовите на УО на Регионот

т.2 Членовите на Надзорниот одбор на Регионот

т.3 Делегати преставници на ИПА и тоа на секои 30 членови на ИПА во една О.Е. еден делгат, на 60 членови на ИПА во една О.Е. двајца делегати и над 60 члена и повеќе во една О.Е. максимално тројца делегати

т4. Делегатите се активни ИПА членови односно ИПА преставници во ОЕ на МВР и другите безбедносни агенции согласно чл.14 од Статутот .

Листата на делегати е верификувана на Состанок на УО и истите ќе бидат писмено известени за носителите на листи и нивните програми.

чл.32 став 1 Изборот на членовите на УО на Секцијата или Регионот се врши со поднесување на листа за сите функции од страна на подносителот на кандидатура за Претседател односно носител на листа

чл.32 став 2 За секоја функција носителот на листа дава образложение и референци за членот кој го предлага

чл.32 став 3 Носителот на листа воедно приложува и список на членови на ИПА кои ја подржуваат кандидатурата и тоа за секој предложен член најмалку 20 членови на ИПА

чл.33 став 1 Право на кандидатура за избор или носител на листа -Претседател, членови носители на функции на УО на Секција или на Регион има секој член на ИПА Македонија ако ги исполнува следните услови

т.1 Најмалку 4 години е активен член на ИПА

т.2 Ако е вработен или пензиониран член на ИПА од МВР, како и други полоноправни членови на ИПА согласно чл.14

т.3 Ако во изминатите 5 години активно учествувал во работата на Секцијата, бил член во телата или органите или бил ИПА преставник на О.Е. во МВР

т.4 Ако со кандидатурата приложи и подршка од најмалку 20 активни ИПА членови

чл.33 став 2 За членови на другите органи и тела важат истите правила за избор при што истите треба да бидат најмалку 3 години активни членови на ИПА

чл.33 став 3 Носителот налиста со кандидатури на УО ги предлага и поднесува листите за членови на НО и другите тела и органи на Секцијата/Регионот кои се избираат на изборната седница на Собранитео на Секцијата/Регионот

чл.33 став 3 Кандидатурите – листите за членови на УО, НО, комисиите и другите тела, како и подршката и програмата за работа се поднесуваат до изборната комисија на собранието НАЈДОЦНА 20 дена пред одржување на седницата

Please follow and like us:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *