Почитувани, во периодот од 20.03.2020 до 02.04.2020 во три организирани активности Интернационалната Полициска Асоцијација Македонија и ИПА регион Скопје а со цел во примарна заштита на полициските службеници и поддршка на МВР во спречувањето на ширење на вирусот COVID 19, обезбедија и распределија по сите организациони единици во МВР на територијата на државата 5000 повеќе намесни заштитни маски, 1900 рачни гелови, 500 антисептици за раце и 4000 пара гумени ракавици. Воедно од страна на ИПА регион Охрид се обезбедни 1000 заштитни маски и од страна на регион Штип 300 заштитни маски и ИПА Струмица – регион Радовиш 100 заштитни маски. Активностите беа реализирани со помош на неколку ИПА пријатели ПАКУНГ од Скопје, ЈУС ПРОМ од Скопје, УНИА КЛУБ од Скопје, ЕЛЕНА ЛУКА од Скопје, Поло Текс од Делчево, ИМПЕРИЈАЛ ЕУРО ГРУП, општествено одговори фирми и сите добронамерни граѓани и ИПА членови кои се вкличија во нашите активности. Им благодариме и на нашите ИПА активни членови кои се вклучија во логистичката поддршка при активностите. ИПА МК и регион Скопје со останатите ИПА региони продолжуваат со своите активности во поддршка на полициските службеници и МВР.

Ве поздравуваме со нашиот меѓународен поздрав SERVO PER AMIKECO, преку служба до пријателство

Please follow and like us:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *