Светска конференција за жените во безбедносниот сектор Будва 2019

Во периодот од 19-22 февруари 2019 година во Будва, Црна Гора се одржа Светска конференција за жените во безбедносниот сектор на која учествуваше делегација на ИПА Македонија (ИПА Регион Штип и ИПА Регион Прилеп).
Конференцијата беше организирана од страна на Управа за полиција на Црна Гора, Здружение на полициски службеници Црна Гора, Синдикатот на Управата за полиција и ИПА Секција Црна Гора.
На конференцијата учествуваа 18 земји и на истата се дискутираше за унапредување на родовата рамноправност, за застапеноста и положбата на жената во безбедносните служби, како и за мерките и активностите кои се преземаат за зголемување на бројот на жените во безбедносниот сектор.
Благодарност до организаторите за поканата за учество на конференцијата и можноста за стекнување на нови знаења, пријателства и споделување искуства со претставниците од земјите учеснички.

Please follow and like us:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *