ИПА Охрид заедно со неколку други региони, дел од IV предновогодишна хуманитарна вечер

ИПА регион Охрид, заедно со неколку ИПА региони од Република Македонија, беше дел од IV-та предновогодишна хуманитарна вечер организирана од националната ИПА секција на Република Србија,што викендов се одржа во Ниш-Србија.На средбата учествуваа претставници од повеќе ИПА региони што се во состав на националната секција на ИПА Србија и од неколку други ИПА секции во други земји.ИПА Охрид беше претставен од 14 членови кои остварија контакти со останатите ИПА репрезенти.Во рамките на средбата, преседателот на ИПА регион Охрид м-р Стефан Димоски, оствари контакти со претседателите на ИПА регионите од Србија и од другите национални ИПА секции, при што беа договорени конкретни активности за идна меѓусебна соработка.Во знак на благодарност и пријателство, претседателот Димоски, на претседателите на ИПА регионите и националните секции, им додели пригодни ИПА плакети и други подароци како и рекламен туристички промотивен материјал од Охрид и Република Македонија.Тој, упати покана до сите ИПА секции, за време на претстојните празници како и во текот на летната туристичка сезона, да организираат туристички посети на Охрид. ИПА регион Охрид, до организаторот на IV-та предновогодишна хуманитарна вечер во Ниш-Срвија, упатува искрени честитки за беспрекорната организација и можноста за средба со ИПА регионите.

SERVO PER AMIKECO

Please follow and like us:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *