Почитувани ИПА членови, колеги и пријатели!!!

ИПА регион Струмица во координација со Националната секција на ИПА Северна Македонија во периодот од 15-18.10.2026 година на локација на лиценцираниот Стрелачки центар „Мегдан„-с.Попчево успешно го организираше јубилејниот 5-ти меѓународен турнир во стрелаштво под името „ИПА Мегдан 2026„ и редовното годишно и изборно собрание. Настанот се организираше во годината кога се одбележува 15 години од постоењето на Нациоалналната секција и 15 години од постоењето на ИПА регион Струмица.

Посебно значење на овој настан дадоа присутните гости од 6 ИПА региони од Република Бугарија и тоа од регионите: Софија, Ќустендил, Крџали, Бургас, Смолен и Јамбол, потоа 3-те региона од Република Романија: Букурешт, Брашов и Клуж како и ИПА регион Крушевац и ИПА регион Грачанац од Република Србија.

Исто така настанот беше збогатен и со присуство на претставници од Националната Секција на ИПА Северна Македонија како и ИПА членови од регионите: Скопје, Тиквеш-Повардарие, Охрид, Куманово, Штип.

Натпреварувачите се натпреваруваа во три категории и тоа:

  • Пиштол 9 мм
  • Малокалибарска пушка со механички нишан
  • Летечки мети (глинени голуби)

Притоа како победници по категории се следните ИПА членови:

Пиштол 9 мм:

  1. Прво место – Игорчо Коцев – ИПА Регион Струмица
  2. Второ место – Ѓорги Костуранов – ИПА регион Струмица
  3. Трето место – Александар Коруноски – ИПА регион Скопје

Малокалибарска пушка со механички нишан:

  1. Прво место – Ивица Цветковски – ИПА регион Скопје
  2. Второ место – Александар Барич – ИПА регион Крушевац
  3. Трето Место – Никола Крстев- ИПА регион Струмица

Летечки мети:

  1. Прво место – Васе Русуманов – ИПА регион Струмица
  2. Второ место – Виктор Филиповски – ИПА регион Скопје
  3. Трето место – Живко Стојанов – ИПА регион Струмица

На победниците по категории од страна на ИПА регион Струмица им беа врачени пехари, медали и пригодни подароци.

ИПА регион Струмица им честита на победниците и на сите учесници.

Во рамките на овој меѓународен настан се одржа и редовното, а воедно и изборно собрание на ИПА регион Струмица на кој што постојниот состав на Управен и Надзорен одбор ја доби повторно довербата од страна на делегатите на собранието.

Посебен дел од овој настан и белег кој што му даде значение на истиот е потпишувањето на тристраниот Договор за соработка помеѓу ИПА Регион Струмица со ИПА регион Ќустендил и ИПА регион Крџали од Република Бугарија. Потпишувањето на овој договор само го потврдува заедништво и пријателство помеѓу овие три ИПА региони и отвара нови страници за заедничка соработка и размена на искуства при организирање на културни, спорстки и социјални настани во духот на пријателството и дружбата.

Тридневното дружење со гостите од ИПА на Република Бугарија, Република Романија и Република Србија беше проткаено со сета на културно-историски знаменитости, дегустација на локална храна и вино и организирање на свечена вечера.

Секако овој настан неможе успешно да се организира без ИПА пријателите на ИПА регион Струмица и други спомагатели кои несебично ја подржаа организацијата на овој настан, а на кои што ИПА регион Струмица посебно им се заблагодарува за успешната соработка.

ИПА регион Струмица посебно ја нагласува добрата соработка со Македонската спортска стрелачка федерација кои како и претходната година несебично го поддржаа овој турнир, а нивните врвни стрелачки судии придонесоа за објективност во оценувањето.

Овој настан проткаен со дружба и пријателство како и натпреварувачки дух ги зајакни постојните пријателства помеѓу ИПА членовите, а посебно сме горди на стекнатите нови ИПА пријателства и можноста за поблиска соработка со ИПА регионите на Ќустендил и Крџали од Р.Бугарија.

Се надеваме дека догодина ќе бидеме побројни и поуспешни!

Ви благодариме,

„SERVO PER AMIКECO„

 

Please follow and like us: