Трет Интернационален/Регионален мото собир
“Во периодот од 23.05.2018 до 27.05.2018 година во организација на Мото Клубот „ИПА Македонија“ се одржа Третиот Интернационален/Регионален Мото собир на мотоциклисти на кој земаа учество околу 100 моторциклисти-припадници на националните секции на ИПА од Македонија, Словенија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска. Во текот на петдневното дружење моторциклистите уживаа во убавините на Македонија посетувајки ги Крушево, Прилеп, Охрид, Галичица, Дебар, Мавровско Езеро и Скопје. Средбата заврши со свечена вечера и доделување на плакети и признанија во Ресторан „Баба Цана“ во Скопје и се одлучи да наредната Мото средба во 2019 година се одржи во Црна Гора по што се изврши примопредавање на знамињата на земјите учеснички на настанот од домаќинот Македонија на земјата организатор за наредна година – Црна Гора.”
