КРУСЕЛ

Почитувани ИПА членови и ИПА пријатели. Ве известуваме дека е склучен договор за попуст од 20% на редовните цени и 10% на акциските цени на алатки и мали апарати од програмата на Искра со фирмата “Крусел ДОЕЛ” Скопје лоцирана на бул. Борис Трајковски бр. 86 а и нивната продавница во нас. Лисиче
За производите од другите производители побарајте попуст на лице место.

ЗА КРУСЕЛ

Крусел Дооел Скопје е компанија формирана 1992 година, првенствено како продавница за техничка стока. Во 2002 година Крусел Дооел започна со самостоен увоз на апарати за домаќинство и стана овласен увозник и дистрибутер на реномираните брендови ISKRA, Rohnson, Laica, Fagor, Moser, Emide, а последнава година и на Honeywell, Duracraft и Cloer. Нашата дејност опфаќа продажба на големо и мало на алати, градинарски производи, кујнски апарати, апарати за лична нега, грејни тела и апарати за ладење итн.

Следејки го развојот на технологијата и потребите на потрошувачите денеска Крусел Доoел е една од водечките компании во рамките на својата дејност. Со успешната работа на младиот тим вработени, сопствени возила, навремена достава развивме широка трговска мрежа на клиенти низ републиката.

Нашиот фокус е задоволството на нашите клиенти и крајни потрошувачи, понудувајки им квалитетни производи, новитетите од светскиот пазар, а воедно и располагаме со сопствен сервис.

Вербата во нашите вредности, посветеноста во работата, задоволни клиенти го прават возможен нашиот долгогодишен раст и развој.

Контакт лице: Билјана

Линк од фејсбук страна:  https://www.facebook.com/kruselmkd/?ref=settings