Почитувани,
На покана и во организација на ИПА Н.С Србија седум члена делегација на ИПА Македонија присуствуваше на IX Балканско – Јадранска Конференција која се одржа во периодот од 24 до 26 ноември во Белград. На конференцијата покрај домаќинот Србија, присуствуваа и делегации од ИПА Македонија, Романија, Хрватска,Грција,
Италија, Бугарија,
Словенија,Кипар,
Црна Гора, Естонија, Босна и
Херцеговина, Германија и Австрија чии претставници беа и претставници на Светскиот Управен одбор односно присуствуваа претседателот на ИУО г.дин Мартин Хофманн и Претседателот на комисијата за меѓународна соработка и член на ИУО г.дин Оливер Хоффман.
На конференцијата свое обраќање и презентација имаше и претседателот на У.О на ИПА Н.С Македонија г.дин Игно Стојков. Конференцијата која беше со тема ” Обединет балкан – отворен и сигурен , помина во знакот на досегашната добра соработка на полициските служби од регионот и пошироко и беа донесени заклучоци во однос на понатамошен развој и унапредување на членовите на ИПА организацијата како на професионален план така и на личен однос кон колегите од полициските служби во регионот. ИПА Македонија имаше своја видео презентација за активностите и за ИПА светската конференција која ќе се одржи во Македонија во 2024 година.

Please follow and like us: