АКТ ЗА ОСНОВАЊЕ

Акт за основање на Меѓународно Полициско Здружение – Оддел Македонија, скратено ИПА – Македонија, со седиште во Скопје, на ул. „Димче Мирчев“ б. На Основачкото Собрание на Здружението ИПА – Македонија одржано на 22 Август 2011 година, едногласно беше донесена одлука од основачите на Здружението, за основање, регистрација и отпочнување со работа на Здружението. Присутни лица на Основачкото Собрание:

  • Љупчо Андоновски;
  • Тони Јакимовски;
  • Митко Чавков;
  • Горанче Савовски;
  • Робертино Ацески;
  • Кирил Хаџи-Ефтимов;
  • Благојче Неданоски;
  • Илчо Јовановски;
  • Горан Бојчевски;
  • Јасмина Галевска;
  • Оливера Кузмановска;
  • Мирчела Арсиќ;
  • Ана Костовска;
  • Оливер Поповски;
  • м-р Стефан Димоски;
  • Зоран Петрушевски.

Цели и задачи на Здружението

Основни цели на Здружението сe организирање и презентирање на семинари и обуки за членовите на Здружението и за граѓаните, организирање и учество на спортски и културни активности, обезбедување на социјална и секој друг вид на помош за членовите на Здружението и нивните семејства и дружење на членовите на Здружението во согласност со принципите на ИПА и работата на Меѓународното Полициско Здружение. Главна цел на Здружението е охрабрување на професионалната соработка и личното пријателство меѓу своите членови, со меѓусебно почитување и поддршка меѓу членовите и нивните семејства и соработка со други организации и поединци чии активности придонесуваат кон духовниот, културниот, општествениот и професионалниот развој на членовите, во согласност со принципите на ИПА. Покрај главната цел, други цели на Здружението се:

а) Обединување на членовите на Здружението и развивање на чувството на солидарност, взаемно разбирање и пријателство;
б) Поттикнување на личните контакти меѓу членовите на Здружението и поврзување на своите членови со другите членови на Националниоте Оддели;
в) Организиње посети и тури за членовите на Здружението и нивните семејства, дома и во странство;
г) Организирање посети за членовите на Здружението и нивните семејства на други дестинации и изготвување на аранжмани за сместување во туристичките капацитети под покровителство на Националната Секција и околината;
д) Олеснување на размената на професионални искуства помеѓу членовите на Здружението и членовите на Националните Оддели од други земји; ѓ) Подобрување на имиџот на полицијата и подобрување на односите помеѓу полицијата и граѓаните;
е) Изготвување понуда за образовна структура на меѓународно и домашно ниво за студентите на цивилната полиција, со цел размена на знаења и искуства и разбирање на улогата и задачите на полицијата во едно демократско општество;
ж) Унапредување на меѓународните публикации и помагање на членовите на Здружението за добивање на литература во врска со полицијата (закон, теорија, практика, итн. );
з) Развивање и негување на спортскиот дух, поставување кампови за спорт, рекреација и спортски активности, организирање на национални и меѓународни кампови;
ѕ) Здружението во Македонија ќе објавува публикации во насока на информирање на членовите и на јавноста за активностите на Здружението. и) Објавување на активностите од областа на социјалниот, културниот, професионалниот и академски живот;
ј) Јавно ветување за промена на навиките во однос на користењето и одржувањето на природните ресурси и третманот на отпадните материјали;
к) Здружението ќе ги извршува своите активности во согласност со Закон

Скопје 23. 08. 2011 г.

Претседател на ИПА – Македонија
Љупчо Андоновски