Членови на ИПА Македонија Мото Клуб, учествуваат на шестата меѓународна мото ИПА средба која оваа година во периодот од 24 до 28 мај се одржува во Босна и Херцеговина. Одлична можност за промоција на ИПА Македонија и воспоставување на нови пријателства со ИПА членови од повеќе држави од нашиот регион но и од Германија и Словачка. Оваа средба е континуитет на претходно одржаните мото средби во Словенија, Србија, Македонија, Црна Гора и Хрватска.
Ја користиме оваа прилика да изразиме благодарност до домаќинот ИПА Босна и Херцеговина, Регионален клуб ИПА Сараево за поканата за учество и одличната организација на целиот настан.
Please follow and like us: