На ден 26.12.2023 година, Комисија за млади, спорт и култура на ИПА Регион Куманово, во соработка со Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Куманово, организираше хуманитарна акција во доделување на новогодишни пакетчиња на посетители на Дневен центар на лица со посебни потреби кој што е лоциран во детската градинка на поранешната фабрика „Чик„ во Куманово а кои што новогодишни пакетчиња беа набавени од парични средства кои што беа соберени за време на одржување на редовното годишно Собрание на ИПА Регион Куманово.
Пред одпочнување на акцијата, од страна на претседателот на ИПА Регион Куманово на Ива Младеновска – Секретар на Општинска организација на црвен крст Куманово, за досегашна успешна соработка и особен придонес и развој на целите и принципите на ИПА Регион Куманово, и беше врачена Благодарница а исто така и беа примопредадени дел од новогодишните пакетчиња за понатамошна распределба според нивната приоритена листа.
Во дневниот центар за лица со посебни потреби, покрај новогодишните пакетчиња за посетителите на центарот, од страна на Комисија за млади, спорт и култура на ИПА Регион Куманово, на сите вработени во центарот им беа врачени скромни новогодишни подароци, а на одговорното лице Сандра Крстевска Саревска – Дефектолог и беше врачена Благодарница.
Од страна на посетителите на центарот, на ИПА Регион Куманово и на Општинска организација на црвениот крст Куманово, во знак на нивна благодарност ни беше врачен уникатен новогодишен подарок рачно изработен од нивна страна специјално изработен за оваа прилика.
ИПА Регион Куманово, изразува благодарност до KumanovoNews и ТВ Плус за медиумска покриеност на реализација на хуманитарната акција.