Почитувани,
Во периодот од 09 до 12 ноември на покана на ИПА Н.С Романија делегација од ИПА Н.С Македонија присуствуваше на редовното годишно собрание на ИПА Романија кое се одржа во ЛАШИ ( Јаш) . Делегацијата во состав од г.дин Игно Стојков ,претседател на У.О на ИПА Н.С Македонија и г.дин Миомир Богоев член и делегат на У.О на ИПА Регион Скопје ,присуствуваше на едно од најголемите годишни собранија на кое присуствуваа повеќе од 250 делегати од 156 региони на ИПА Романија како и 20 делегати од 8 Н.С и У.О на Светската ИПА. На собранието присуствуваше и претседателот на У.О на светската ИПА г.дин Мартин Хофман како и членот и претседател на административната комисија на У.О на светската ИПА г.дин Клив Вуд. Со истите беа остварени билатерални средби на кои се разговараше за учество на наши ИПА членови и полициски службеници на обуки и семинари во Гимборн- Германија и во Австија. Беше остварена билатерална средба и со претседателот на ИПА Романија г.дин Михаи Тартареану и беше разговарано за програма и учество на наши членови и полициско службеници на обука во делот на специјалните единици , сообраќајната полиција и Еумна , како и семинари во областа на дрогата, мигрантите и насилниот криминал. Би сакале да напоменеме дека ИПА Романија во 2023 година е најголемата секција на ИПА со повеќе од 60.000 членови. Исто така беа остварени средби и со делегацијата на ИПА Кипар каде со г.дин Кирјакос Периклеус и г.дин Демитрис Константину беше разговарано за поголема соработка и збратимување на наши региони со регионите од ИПА Кипар. Беа остварени средби и со делегациите на ИПА Полска – претседателот Пјотр Војцик, ИПА Словачка – потпретседателот Петер Дулин, како и ИПА делегациите на Грција, Молдавија , Австрија и Англија. Од страна на претседателот на ИПА Н.С Македонија г .дин Игно Стојков беше одржан поздравен говор како и презентација за ИПА светскиот конгрес кој ќе се одржи во Македонија во 2024 година.
Им честитаме на нашите ИПА колеги од ИПА Романија за одлично организираното годишно собрание и им посакуваме уште поголеми успеси во остварувањето на целите и принципите на ИПА.

Please follow and like us: